Фудбалската репрезентација на Македонија го исполни сонот на секој македонски фудбалски фан – да има шанса да навива за својата селекција на Европско првенство. Исполнет е и сонот на фудбалерите – да бидат учесници на едно големо натпреврување во македонскиот дрес.
„Ова е сон што сите го сонувавме – да заиграме на Европско првенство. Мотивацијата е огромна, сите ќе го дадеме максимумот и ќе покажеме дека заслужено сме на големо натпреварување. Победата над Германија ни ја зголеми уште повеќе самодовербата, сега знаеме дека можеме се носиме и со најдобрите светски селекции. Ние сме едно големо семејство, нема потреба како другите да играме со зборови, не гледаме што зборуваат за нас. Ќе дојдат натпреварите и на Евроопско ќе покажеме колку вредиме“, изјави Александар Трајковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













