
Италијанскиот калчолигаш Џенова во новата сезона повторно би можела да има македонски репрезентативец. Капитенот на националниот тим Горан Пандев најавува дека ќе стави крај на кариерата, а во Џенова би можел да пристигне Александар Трајковски, пишуваат италијанските медиуми.
Членот на Мајорка има опција да се врати во Италија каде претходно го носеше дресот на Палермо, а имаше одличен настап за националниот тим во првата квалификациска сесија за СП 2022 во Катар. Тренерот на Џенова, Давиде Балардини, сериозно се заинтересирал за услугите на Трајковски кој дефинитивно ќе ја напушти Мајорка по завршувањето на сезоната.
Би можел да се формира и македонски репрезентативен тандем во Џенова доколку капитенот Горан Пандев сепак одлучи да ја продолжи кариерата за уште една сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal