
Се чини дека Италија повторно го повикува македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски. Поранешниот играч на Палермо би сакал да се врати во Италија по разочарувачкото искуство во редовите на Мајорка.
Трајковски има запишано едвај осум натпревари во втората шпанска лига оваа сезона, а на седум од нив влегол од клупата за резервни играчи. Како резултат на тоа, агентите на Алекс го понудиле нашиот крилен напаѓач на Монца и на Џенова, а понуди од двата клуба се очекува да пристигнат веќе во следните седмици.
Трајковски е под договор со шпанскиот второлигаш се до лето 2023 година, но со оглед на малата минутажа, ќе има шанса да одбере дали ќе сака да му биде иден соиграч на нашиот капитен Горан Пандев во Џенова. Втората опција е да ја преземе улогата на ментор на младиот и талентиран играч од средниот ред, Лука Станковски, кој ќе му се придружи на тимот на Силвио Берлускони ова лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal