Фудбалската репрезентација на Македонија направи вистинска сензација на Стариот континент со пласманот на Европското првенство кое ќе се одржи следниот јуни, а напаѓачот Александар Трајковски најавува дека допрва следат убавите моменти за нашиот национален тим. Тој смета дека Македонија може да биде пријатно изненадување и на самиот шампионат.
„Ние сме репрезентација која има квалитет и затоа верувам дека ќе бидеме пријатно изненадување на Европското првенство. Чувството е неверојатно, сон на секој фудбалер е да биде дел од едно такво големо натпреварување. Среќен сум што сум дел од генерацијата која за првпат ја одведе Македонија на ЕП. Го направивме нашиот народ среќен и горд сум на тоа“, вели Трајковски.
Македонија е во група со Австрија, Украина и со Холандија на европскиот шампионат, а трите најдобри селекции од секоја група одат во втората фаза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













