Connect with us

Трајковски и Муслиу за водство од 0-2 на полувреме (ВИДЕО)

Макфудбал во Вадуц,

Фудбалската репрезентација на Македонија има водство од 0-2 на полувреме против Лихтенштајн во Вадуц, во првиот натпревар од новиот квалификациски циклус за СП 2026. Првите 45 минути поминаа во потполна доминација на нашиот национален тим, а резултатот го отвори Александар Трајковски во осмата минута.

Бојан Миовски мина по левата страна, го надмудри и голманот, а потоа нафрли за Александар Трајковски, кој со рутински удар со глава ја погоди мрежата на Лихтенштајн.

Македонија имаше уште неколку шанси, не ни беше признат гол поради офсајд позиција, а во 44.минута Висар Муслиу зголеми на 0-2. Тој најдобро се снајде по корнерот на Барди од десната страна и со прецизен шут од непосредна близина погоди за удвојување на предноста.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови