Ренова останува во Првата лига откако на пенали, со многу среќа, и со фантастични реакции на голманот Хадис Велии славеше со 3-2 против второлигашот Охрид, Трагичарот кој прими неверојатен гол во четвртата минута откако топката го пресекокна и заврши во мрежата, на крајот по пеналите се претвори во херој за Ренова.
Тој успеа да одбрани два пенали, а на крајот Наум Вељановски го промаши голот при изведувањето на ударот од белата точка. Во регуларниот тек мечот заврши 2-2, а Ренова се спаси од пораз во саиот финиш.
Охрид имаше двапати водство и во текот на натпреварот, а Ренова се спаси со гол во 89.минута, откако охриѓани останаа во завршницата со фудбалер помалку поради исклучувањето на Шериф Реџепи. Шефит Шефити беше двоен стрелец за „гипсарите“.
Охрид поведе со неверојатниот гол од 60 метри на Љупче Трпески и грешката на Велии, а Ренова израмни во 18.минута со голот на Шефит Шефити. Митев во 50.минута донесе нова радост за Охрид, а во 89.минута, по грешката на голманот Николче Симоновски прволигашот Ренова сепак успеа да израмни повторно преку Шефит Шефити.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski