
Шампионот на Швајцарија, Јанг Бојс, објави трагична вест. Еден од двата сина на фудбалерот на тимот, Мешак Елија, починал по кратко боледување. Сопругата на 27-годишниот играч патувала во Демократска Република Конго со двете деца, каде што се случил и трагичниот настан.
Елија веднаш го напуштил кампот на тимот пред синоќешното гостување на Штутгарт во Лигата на шампионите. Натпреварот во Германија започна со минута молчење во чест на синот на Мешак Елија, а дуелот заврши со победа за Штутгарт од 5-1.
По постигнувањето на голот за Јанг Бојс, со кој беше отворен резултатот, неговите соиграчи го развеаја дресот на својот соиграч, оддавајќи му почит.
Tragische Nachricht:
— BSC YOUNG BOYS (@BSC_YB) December 11, 2024
Todesfall in der Familie von Meschack Elia
Medienmitteilung: https://t.co/3RPnCFWqO3 pic.twitter.com/j4HO6bgSjD

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
