Трабзонспор внимателно ја следи ситуацијата околу македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и евентуалната шанса да го врати во Турција. Претстојното заминување на Елмас од Лајпциг е речиси сигурно, а интерес за него има од клубови од Шпанија и Италија. Сепак, постои можност кариерата повторно да ја продолжи во турската Суперлига.
Клубот во кој некогаш настапуваше и Енис Барди, е заинтересиран за 24-годишниот фудбалер за врска.
Пречка за турскиот тим е високото обештетување, Лајпциг би барал околу 20 милиони евра.
Германскиот клуб го доведе Елмас од Наполи за сума од приближно 24 милиони евра во 2024 година, но трансферот не го оправда очекувањата.
Елмас не доби вистинска шанса, па беше испратен на позајмица во Торино каде што се истакна со добри игри. Бидејќи Торино не го активираше откупот, сега Елмас повторно е во потрага по нов клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













