Интер Мајами е на прагот да потпише нов, долгорочен договор со Лионел Меси, кој би го задржал аргентинскиот маестро во клубот до крајот на неговата кариера. Според информации на „ЕСПН“, преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и официјалната потврда се очекува во наредните денови.
Сопственикот на клубот, Хорхе Мас, јасно стави до знаење дека ќе направи сè за Меси да остане во Мајами.
„Ќе сториме сè што е во наша моќ Лионел да ја заврши кариерата овде“, порача првиот човек на клубот.
Од неговото пристигнување во јули 2023 година, Меси остави силен печат – уште во првите недели го предводеше тимот до трофеј во Лига купот, а во текот на 2025 година забележа 36 настапи со неверојатни 28 голови и 12 асистенции.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













