Трабзонспор тргнува во нов обид да го убеди македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски да се пресели во Турција и да стави потпис на тригодишен договор со овој клуб. Тој ја одби првичната понуда на Трабзон, но раководството на турскиот гигант во намерата да го доведе ова лето.
Алиоски е слободен агент, ова лето му истекува договорот со англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед, а има понуда и за продолжување на соработката. По настапот со Македонија на Европското првенство, Алиоски е на заслужен одмор, а во наредните денови ќе треба и дефинитивно да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.
Тој во последната сезона за Лидс одигра 36 натпревари, постигна два гола и имаше две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













