
Шкендија ги искористи поразите на Струга ТЛ и на Шкупи во минатото коло и сега се наоѓа на врвот, иако триото всушност има по 58 бода.
Преостануваат трите последни кола, а разврската за шампионската титула почнува утре, кога Шкупи на Чаир ќе ја пречека Шкендија.
Енур Тотре вели дека тоа е можеби најважниот натпревар за Шкендија досега во сезоната.
„Всушност, на ова работиме уште од подготвителната фаза во Анталија. Затоа бевме таму и по секоја цена се обидовме да ги елиминираме негативностите. Воопшто не беше лесно да се сврти ситуацијата на овој начин, но целата екипа даде сѐ од себе и можеби бевме наградени за трудот и вербата цело време“.
„Начинот на кој ја победивме Брера, сакале или не, носи еуфорија во тимот. Реално утре нѐ очекува најважниот натпревар и победата над Брера нема да има иста вредност доколку не го победиме Шкупи. Затоа сме решени утре да го дадеме максимумот и подготвени сме да продолжиме по патот по кој одиме“, вели Енур Тотре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
