
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн сака да го напушти Тотенхем ова лето и се наоѓа пред трансфер во Манчестер Сити. Но, очигледно дека нема така лесно да оди неговата „слобода“ со лондонскиот клуб. Тој има уште три години од актуелниот договор со Тотенхем кој засега се однесува дека воопшто нема интерес за одличниот напаѓач.
Засега Манчестер Сити нема испратено официјална понуда за Хари Кејн. „Граѓаните“ прво тргнаа по Џек Грилиш и на Астон Вила и упатија понуда вредна 100 милиони фунти. Слична треба да биде и понудата до Тотенхем за Хари Кејн, се шпекулира дека Пеп Гвардиола е подготвен да плати 135 милиони фунти.
Напаѓачот најави во клубот дека сака да замине, а подготвен е дури и на бојкот доколку желбата не му биде исполнета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
