Connect with us

Тотенхем сака да купи две ѕвезди на Лестер

Тотенхем испрати понуда за двајца играчи на Лестер кој испадна од Премиер – лигата. Лондончани понудија околу 50 милиони фунти за Џејмс Медисон и за Харви Барнс.


Сепак, конкуренцијата за потписот на двајцата е сериозна, а Њукасл е една од екипите со голем интерес. Вест Хем и Астон Вила исто така ја следат ситуацијата околу Барнс.


Се очекува Лестер да ја одбие понудата бидејќи сака поголема сума. Пред само една година „лисиците“ бараа по 60 милиони фунти за секој од нив.


Сепак, испаѓањето во Чемпионшип ја промени ситуацијата и клубот мора да продаде фудбалери за да ги надомести финансиските загуби.


Медисон е главната цел на Тотенхем ова лето, но и Њукасл го следи и може да му понуди место во Лигата на шампионите. Играчот од средниот ред има договор со „лисиците“ на уште една година.

Во моментов е во репрезентацијата на Англија и се подготвува за европските квалификации, меѓу кои и и дуелот со Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови