Раководството на Тотенхем има намера повторно да се сврти кон Ерик Тен Хaг и да започне нови разговори со него за нов менаџер на тимот, по неуспехот на преговорите со италијанскиот тренер Антонио Конте. Челниците на лодонскиот клуб не успеаја да се договори за условите за соработка со Конте и оттаму се подготвени да го обноват интересот за 51-годишниот Тен Хаг, кој го предводи Ајакс.
Холандскиот стратег беше еден од можните кандидати и по заминувањето на Жозе Мурињо, но двете страни имаа разлики уште на почетокот на разговорите.
Набргу по ова, на крајот на април, Тен Хаг го продолжи договорот со Ајакс до лето 2023 година, што уште повеќе сега ја компликува можната зделка.
Тен Хаг работи во великанот од Амстердам од крајот на декември 2017 година. Под негово водство, Ајакс двапати стана шампион и двапати го освои Купот на Холандија, а еднаш беше освојувач и на Суперкупот.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












