Тотенхем се обидува да го доведе во своите редови дефанзивецот на Монако, Вандерсон. 23-годишниот десен бек се разгледува како замена за Емерсон Ројал, и лондонскиот клуб веќе води преговори за негово ангажирање, пишува „Л’Екип“.
Се тврди дека англискиот тим е подготвен да понуди 30 милиони евра за правата на Бразилецот. Оваа понуда би требало да биде доволна за да го убеди Монако да го пушти играчот да замине кон англиската престолнина.
Единствениот проблем за трансферот во моментот е тоа што самиот играч не е сигурен дали ова ќе биде добар потег за неговата кариера. Тој сака да игра редовно, а во Тотенхем тоа не му е загарантирано, бидејќи тимот располагаат со Педро Поро и Џед Спенс на оваа позиција, што значи дека Вандерсон ќе мора да вложи сериозни напори за да си обезбеди стартно место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













