Англискиот премиерлигаш Тотенхем сака да го задржи Хјонг – Мин Сон во клубот на подолг период. Неговиот актуелен договор има важност до јуни 2023 година, но раководството на „петлите“ му нуди да остане до 2025 година во Лондон. Преговорите се одвиваат позитивно, но Сон сепак сака да го добие гаранции за иднината на Тотенхем пред да се одлучи да стави потпис на нова верност.
Тотенхем е во потрага по нов менаџер и се наоѓа во завршни преговори со Антонио Конте кој изминатава сезона го освои „скудетото“ со Интер, а претходно има работено во Челси во Премиер – лигата. Сон треба да биде лидер на новиот тим на Тотенхем по најавите за заминувањето на капитенот Хари Кејн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal