Connect with us

Тотенхем, Лидс и Лестер во трка за данското чудо Дамсгард

Данскиот репрезентативец Микел Дамсгард одигра фантастично на Европското првенство и го сврте со игрите вниманието на англиските премиерлигаши. Како што информираат медиумите од Островот, за него сериозен интерес покажуваат Тотенхем, Лидс Јунајтед и Лестер. Се очекува веднаш по завршувањето на континенталниот собир да тргне и наддавањето за неговиот потпис.

Дамсгард е член на италијанскиот калчолигаш Сампдорија, а претседателот Масимо Фереро за него побара отштета од 40 милиони евра. Во Италија, за Дамсгард се заинтересирани Милан и Фиорентина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови