Тотенхем е во завршна фаза од преговорите околу потписот на 21-годишниот стопер на Џенова, Раду Драгушин. Англискиот клуб ќе плати 25 милиони евра, со можни бонуси.
Драгушин наскоро треба да пристигне во Лондон и да потпише договор до 2029 година.
Џенова многу брзо ќе направи огромен профит на Романецот. Тој летото по едногодишна позајмица беше откупен од Јувентус за само 5,5 милиони евра, а сега заминува за многу повисока сума.
За Драгушин беше заинтересиран и Баерн Минхен, но засега нема официјална понуда од Баварците.
Драгушин пристигна во Италија како 16-годишник кога се приклучи на младинската академија на Јувентус. За „старата дама“ забележа четири настапи, а беше позајмен во Сампдорија и во Салернитана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













