Англискиот премиерлигаш Тотенхем со Жозе Мурињо на кормилото, на 24 септември ќе допатува во Скопје на дуел со Шкендија во квалификациите од Лигата на Европа. Шкендија славеше над Ботошани во Романија со 0-1, со голот на Бесарт Ибраими, а Тотенхем успеа со многу мака да победи против Локомотив Пловдив во Бугарија со 1-2, иако имаше негатива во второто полувреме.
Минчев во 72.минута донесе изненадувачка предност за Локомотив Пловдив, но до крајот сепак Тотенхем го сврте резултатот и стигна до триумф. Домаќинот доби два црвени картони, во 80.минута израмни Хари Кејн од пенал, а пет минути подоцна Тангуј Ндомбеле направи пресврт за 1-2 за англискиот тим.
На 24.септември, Жозе Мурињо и ѕвездите на Тотенхем доаѓаат во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













