Арсенал по девет одиграни кола е лидер во Премиер – лигата, со предност од шест бодови пред Манчестер Сити и седум пред Ливерпул. Навивачите на лондонскиот клуб сè повеќе веруваат дека „ова е таа сезона“ кога ќе се прекине постот што трае од 2004 година и конечно ќе се освои титулата.
„Топчиите“ денес од 16 часот гостуваат кај Барнли, а менаџерот Микел Артета упати јасна порака:
„Не смееме да го намалиме интензитетот, мора да го задржиме ова нивo“, изјави Артета.
Арсенал сезонава има примено само три гола и големата сила ја црпи од цврстата одбрана.
„Мора да останеме фокусирани и да ја покажуваме истата амбиција на секој натпревар. Секој дуел е посебен предизвик — понекогаш мораш да бидеш трпелив, а понекогаш треба да пристапиш поинаку“, додаде стратегот на Арсенал.
„Ова е долг пат. Секако дека сакаме да ја освоиме титулата — сè што правиме е насочено кон тоа. Има многу фактори врз кои не можеме да влијаеме, но она што можеме е да ја извршуваме својата работа најдобро што знаеме. Толку е едноставно“, заклучи Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













