Connect with us

Тотенхем го договори трансферот на Џејмс Медисон од Лестер

Доаѓањето на Џејмс Медисон во Тотенхем е готова работа, тврдат медиумите на Островот. „Скај спорт“ вели дека Медисон пристигнал во Лондон на лекарски прегледи пред официјалниот потпис со Тотенхем.


Репрезентативецот на Англија во Лестер игра од 2018 година, а претходно ги бранеше боите на Ковентри и на Норич.

За Лестер постигна 55 голови и 41 асистенција на преку 200 натпревари. Во претходната сезона во Премиер – лигата тој постигна 10 голови и асистираше девет пати на 30 натпревари.

Со „лисиците“ го освои ФА Купот во 2021 година.

Со испаѓањето во Чемпионшип, Лестер веќе не можеше да ја бара сумата од 60 милиони евра, додека фудбалерот изрази желба за нов предизвик, па трансферот во Тотенхем беше неизбежен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови