Connect with us

Тотенхем доби „корпа“ од Интер за Бастони

Поранешниот тренер на „нероаѕурите“, а сега менаџер на Тотенхем, Антонио Конте, сакаше да го доведе италијанскиот дефанзивец Алесандро Бастони во Лондон, но се чини дека тпо нема да се случи барем ова лето.


Тотенхем испратил понуда од 60 милиони евра на адреса на Интер за 23-годишниот стопер, но вицешампионот на Италија не ја прифатил.

Интер смета дека е подобро да го продаде искусниот Стефано де Фрај, и да изгради тим околу Бастони. Така 30-годишниот Холанѓанец доби дозвола за заминување, додека „црвено светло“ свети покрај Бастони.

Оваа информација ја потврди и агентот на италијанскиот репрезентативец Тулио Тинти, кој изјави дека неговиот играч ќе остане во Интер и дека е среќен на „Меаца“.

Што се однесува до Де Фрај, тој би можел да се пресели во Челси за 15 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови