
Италијанскиот калчолигаш Торино го обнови интересот за капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди. Раководството на „биковите“ и лани се обиде да го доведе одличниот играч за врска во Серија А, но Барди, сепак, одлучи да остане во Трабзонспор.
Одигра одлична сезона во Турција, на 42 натпревари постигна седум гола и забележа шест асистенции и сега повторно се отвора можноста за преселба во Торино.
Турските медиуми откриваат дека италијанскиот клуб е сериозно заинтересиран, а Барди влегува во последната година од договорот од Трабзонспор и Турците не би имале ништо против да го продадат и да заработат на неговото заминување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
