Челси веќе шест натпревари нема победа, моментно е во мини-серија од три порази, но англиските медиуми пишуваат дека ниту нов пораз не би можел да ја разниша менаџерската позиција на Грем Потер.
Потер сигурно ќе биде на клупата дури и да загуби на следниот меч од Лидс Јунајтед, а би ја „преживеал“ и евентуалната елиминацијата од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
„Милионерите“ се поблиску до пласман во следната рунда откако првиот меч го добија со 1-0.
Челси моментно е десетти во Премиер – лигата, а отсуството од Лигата на шампионите многу би се одразило на клубот финансиски по значителните трансферни инвестиции.
Грем Потер има договор со Челси до 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













