Connect with us

Тони Крос нема да игра против Македонија

Германскиот репрезентативец Тони Крос нема да игра против Македонија во Дуисбург. Тој се пожалил на болки во мускулот и лекарскиот тим на Јоаким Лев одлучил да не ризикува со него на натпреварите против Исланд, Романија и против Македонија во квалификациската сесија за СП 2022 во Катар.

Македонија ќе и гостува на Германија во Дуисбург на 31.март.


Големата ѕвезда на Реал Мадрид веќе ја напуштила базата на германскиот национален тим и се вратила во Шпанија.


„Направени се прегледи и констатирано е дека Тони Крос има мускулна повреда. Одлучивме дека нема потреба од ризик“, изјави Јоаким Лев.


Тони Крос се врати во Мадрид, но ќе му биде на располагање на Зинедин Зидан за пресметките против Ливерпул во ЛШ и против Барселона во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови