Connect with us

Тони Крос ќе потпише нов договор со Реал Мадрид

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, ќе остане во клубот најмалку уште една година. „Кралскиот клуб“ веќе го подготви неговиот нов договор, а тој ќе го потпише во наредниот период, до крајот на сезоната.


На Германецот му истекува договорот ова лето и продолжува да игра на одлично ниво, има 38 настапи сезонава, еден гол и седум асистенции во сите натпреварувања.

Одличниот играч за врска се врати во репрезентацијата на Германија, каде импресионираше со настапите на контролите со Франција и со Холандија.

Крос е вистинска легенда за Реал Мадрид од неговиот трансфер од Баерн Минхен во 2014 година, освојувајќи мноштво трофеи со клубот – четири пехари во Лигата на шампионите, три пехари во Ла Лига, три европски Суперкупа, Куп на Кралот и пет светски клупски првенства. За клубот досега има вкупно 455 настапи, 28 гола и 96 асистенции.

Крос стана светски шампион со Германија во 2014 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови