
Тони Крос e избран за фудбалер на сезоната во Германија, иако го објави крајот на својата кариера.
Тој беше избран за фудбалер број 1 во Германија и во 2018 година.
„Ова е големо признание за сè што постигнав во изминатата година. И иако ќе биде последен пат кога ме избираат, ова е чест која не се базира само на благодарност кон играч кој ја завршува кариерата. Ова не е награда од сожалување, нема ништо заедничко со возраста или со крајот на кариерата, туку со перформансот на теренот – барем се надевам дека е така“, изјави Тони Крос.
Крос, кој го одигра својот последен натпревар при поразот од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство минатиот месец, е најдобар во изборот на „Кикер“, пред Флоријан Вирц и Гранит Џака од Баер Леверкузен.
Германецот ја освои својата шеста титула во Лигата на шампионите со Реал Мадрид пред ЕВРО 2024.
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, кој го одведе тимот до првата историска титула во Бундеслигата во мај, е избран за тренер на годината.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal