
Италијанскиот интернационалец и фудбалер на Њукасл, Сандро Тонали, најверојатно денеска или најдоцна утре ќе ја дознае казната за нелегално обложување, соопшти „Газета дело спорт“.
Веќе е јасно дека играчот од средниот ред ќе ја пропушти целата актуелна сезона. Неговите адвокати речиси постигнаа договор со федералното обвинителство во Италија да го осудат играчот на 10 месеци. Тоа значи дека тој ќе го пропушти и финалето на Европското првенство следната година во Германија, доколку Италија може да се квалификува да ја одбрани титулата.
Најверојатно Тонали ќе се врати на терените во септември 2024 година, морајќи да го пропушти целиот претсезонски тренинг.
Тонали, исто така, мора да помине програма за терапија и да учествува во социјални програми во училиштата и спортските здруженија, да се среќава со младите и да ги убедува да не се однесуваат како него. Неговата казна ќе биде многу поголема од 12.500 евра која ја доби играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, бидејќи тој призна дека се обложувал и на натпреварите на своите тимови, прво Бреша, а потоа и Милан.
Сандро Тонали мора да продолжи да живее во Англија за време на неговата забрана, но исто така ќе патува редовно во Италија поради лекување и социјални обврски. Можно е за периодот на суспензијата да не ја добива платата од Њукасл поради спецификите на договорот. Нејасно е и дали во тој период ќе може да тренира со премиерлигашот, бидејќи за тоа мора да одлучи обвинителството во Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
