
Играчот од средниот ред на Њукасл и репрезентативец на Италија, Сандро Тонали, е суспендиран на 10 месеци поради учество во нелегално обложување.
Италијанските медиуми тврдат дека на Тонали и официјално му е изречена казна која ќе му забрани какво било учество на теренот во следните 10 месеци. Покрај тоа, тој ќе мора да продолжи со рехабилитација уште осум месеци поради коцкарска зависност.
Во превод, Тонали ќе биде суспендиран до септември следната година, што значи дека нема да игра до крајот на оваа сезона, на ЕП во Германија, како и на стартот на следната сезона.
Николо Фаџоли, кој исто така се обложувал на сите можни спортови на нелегални платформи за обложување, се очекува да добие нешто полесна казна.
Останува да видиме какви потези сега ќе направи Њукасл, сигурно е дека Еди Хау ќе донесе играч од средниот ред во зимскиот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal