Connect with us

Томе Китановски утре ќе биде опериран

Фудбалерот на Струга ТЛ, Томе Китановски, на натпреварот против штипска Брегалница во неделата заработи скршеница на левата рака и ќе мора да паузира од четири до шест недели, соопшти клубот.


Китановски на вчерашниот натпревар влезе во второ полувреме на местото на Бесир Исени, но немаше среќа откако во 65. минута заработи тешка повреда која ќе го оддалечи од фудбалските терени повеќе од еден месец.

Китановски е итно префрлен во болницата во Охрид, а утре ќе биде опериран. Тој во зимскиот трансфер период се приклучи на Струга Трим Лум, а дебитираше со гол на мечот против Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови