Набрзо и официјално ќе дојде крајот на неуспешната сезона за Баерн Минхен во која остана без трофеј.
Сѐ уште не е познато кој ќе биде тренер на Баварците од следната натпреварувачка година, па и покрај големиот број на споменати имиња, постои интересна можност Томас Тухел да ја задржи функцијата.
„Скај Спорт“ објави дека раководството на Баерн започнало преговори со Тухел околу продолжување на соработката, откако германскиот стручњак се предомислил кога категорично ја отфрлил таквата можност поради критиките во јавноста кои му ги упати Ули Хенес.
Истиот извор наведува дека преговорите не се гаранција дека ќе се постигне договор, најмногу поради фактот што актуелниот договор со Томас Тухел истекува во летото 2025 година, а тој сака да добие одврзани раце во работата и да потпише до јуни 2026 година.
Германецот наводно има поддршка од директорите Макс Еберл и Кристоф Фројнд, како и влијателни играчи во соблекувалната како Томас Милер, Мануел Нојер, Хари Кејн, Лирој Сане и Џамал Мусијала.
Чаби Алонсо беше недостижен сон, Џулијан Нагелсман исто така го одби Баерн, а исто така и Ралф Рангник и Ханси Флик, па сега се актуелни и имиња како Роберто де Зерби и Ерик тен Хаг доколку Тухел ја одбие понудата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski