Фудбалерите на АП Брера во петтото коло стигнаа до првата победа во новата сезона во Прва МФЛ, со што значително се подобри атмосферата во струмичкиот прволигаш. Но, нема многу време за славење, бидејќи веќе денеска ги очекува нов предизвик, гостување во Ѓорче Петров и дуел со Македонија ЃП во шестото коло од Првата лига.
Новиот предводник на тимот, Мартин Алаѓозовски, верува дека Брера може да продолжи во ист ритам и против „лавовите“ од Ѓорче Петров.
„Малку е полесно, мислам дека го добивме она што го заслуживме и на некои претходни натпревари. Триумфот против Шкупи сигурно ќе биде дополнителен мотив за нас да се прикажеме во позитивно светло и на дуелот со Македонија ЃП. Тие се одличен тим, особено добри пред своите гледачи, но ние доаѓаме да се надигруваме и верувам дека можеме да извлечеме поволен резултат“, рече Алаѓозовски за официјалниот сајт на ФФМ.
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и АП Брера ќе се одигра денеска од 15:30 часот на стадионот во Ѓорче Петров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













