Connect with us

Томас Тухел има десетина дена да си ја спаси работата во ПСЖ

Францускиот првак Пари Сен Жермен има големи амбиции во Лигата на шампионите. Секоја сезона се сопнува и не успева да стигне до трофејот кој е огромна желба на сопственикот Насер Ал – Келаифи. И тука со него нема компромис. Затоа, тренерот Томас Тухел има десетина дена да си ја спаси работата и да остане барем до крајот на сезоната на „Паркот на принцовите“. 

ПСЖ „виси“ во групата Х од Лигата на шампионите. Има само три бода по првите три кола и порази од конкурентите кои се пред него на табелата, Манчестер Јунајтед и Лајпциг. Вечерва „светците“ го пречекуваат Лајпциг и ако не победат, ќе биде тоа почеток на крајот на Тухел на кормилото на Пари Сен Жермен. 

Ќе преостанат уште две кола, групната фаза завршува на 6.декември и доколку ПСЖ не успее да се пласира во нокаут фазата од елитното европско натпреварување, тогаш отказот за Томас Тухел ќе биде речиси загарантиран. 

      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови