
Давид Алаба веќе потврди дека го напушта Баерн Минхен, па така уште сега е сигурно дека тој ќе биде еден од најбараните слободни агенти во летниот преоден рок.
Според “Скај Германија”, австрискиот репрезентативец веќе одбил огромна понуда од Челси. Се верува дека тренерот на “сините”, Томас Тухел се обидел да го убеди дефанзивецот, но тој не покажал интерес. Покрај англискиот клуб, Алаба му кажал “не” и на Пари Сен Жермен.
Одамна е познато дека приоритет на 28-годишниот фудбалер му е кариерата да ја продолжи во Шпанија, а наводно за него се интересираат и Реал Мадрид и Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
