Фудбалерот од средниот ред Томас Парти ќе биде вклучен во составот на Арсенал за претстојното гостување кај Шефилд Јунајтед во понеделник. Ова го најави менаџерот на „топчиите“ Микел Артета.
Репрезентативецот на Гана не играше од октомври поради низа повреди и оваа сезона забележа само четири настапи во Премиер – лигата.
„Томас тренираше првпат целосно пред нашиот последен натпревар. Одработи уште два целосни тренинзи оваа недела, па очекувам да биде во тимот за натпреварот“, објави Артета.
Шпанецот додаде дека бековите Олександр Зинченко и Такехиро Томијасу се блиску до враќање, но веројатно нема да бидат подготвени за натпреварот во понеделник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













