Новиот сопственик на Челси, Тод Боли, на почетокот на следниот месец ќе стане нов претседател на англискиот фудбалски клуб, откако Брус Бак ќе си замине од функцијата. Ова докажува дека американскиот милијардер сака директно да управува со активностите на лондончани во наредниот период.
Бак работеше за Челзи речиси 20 години и ќе остане во клубот како советник. Довербата на Боли и „Клирлејк Капитал“ тој ја доби при трансферот на акции за 4,25 милијарди долари. Бак беше дел и од процесот за стекнување на Челси од Роман Абрамович во 2003 година.
Под водство на Бак, Челси освои 21 трофеј во машка и 12 во женска конкуренција.
„Горд сум што му помогнав на Челси да стане толку успешен клуб на теренот и да има позитивно влијание врз општеството. Тие имаат интересна визија за иднината и ќе продолжам да им помагам“, изјави Бак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













