
Во натпревар од второто коло на плејофот во Суперлигата на Србија, фудбалерите на Раднички Крагуевац приредија сензација и ја декласираа Црвена звезда со 4-1 на стадионот „Чика Дача“.
Домашниот тим одигра извонреден натпревар и го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион во домашното првенство. Стрелци за Раднички беа Милутин Видосављевиќ, Иса Ба, Матија Глушчевиќ и Милан Митровиќ. Единствениот погодок за Црвена Звезда го постигна Бруно Дуарте.
Македонскиот репрезентативец Лука Станковски одигра петнаесетина минути во тимот на Раднички Крагуевац.
Црвена Звезда веќе ја има обезбедено титулата и се наоѓа на врвот со 89 бодови, додека Раднички со оваа значајна победа се искачи на петтата позиција со 48 бодови, колку што има и четвртопласираната Војводина.
Оваа победа претставува голем поттик за тимот на Раднички Крагуевац во битката за пласман во европските натпреварувања следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
