
Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше без голови против Ерменија во првиот дуел од септемвриската сесија во квалификациите за СП 2022 во Катар. Дебито на новиот селектор Благоја Милевски остана бледо, затоа што, сепак, тимот без квалитетни индивидуалци е за жал – гол просек. А, за голема жал, Македонија веќе го нема Горан Пандев да „реши“ кога е најпотребно. Без него, ниту останатите не се на потребното ниво. Се уште…

Македонија подобро го почна натпреварот, притисна кон голот на Ерменците, но немаше завршно додавање за сериозна, стопроцентна можност. Во таков стил заврши првиот дел.
По еден час игра, Милевски го направи првиот потег. Го повлече Трајковски, во средниот ред го внесе Спировски, а Елмас доби друга улога, да пробива по левата страна.

Во 63.минута, Езгјан Алиоски упати силен удар од 25 метри, но директно во противничкиот голман Давид Јурченко.
Ерменците се обидуваа преку противнапади, но без некој голем ефект.
Во игра влезе и Милан Ристовски на местото на Адис Јаховиќ, се обиде со удар од далечина во 82.минута, но не беше прецизен.
На самиот крај, уште еднаш Езгјан Алиоски се обиде со „бомба“ од далечина, но топката пројде за малу крај дирекот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
