Тиквеш оствари убедлива победа над Скопје совладувајќи го со 3-0 на Градскиот стадион во Кавадарци. Ова беше прв меч од 22.коло во Првата фудбалска лига, а на Тиквеш му донесе и позиција погоре на табелата, прескокнувајќи го токму денешниот ривал Скопје.
Скопје по половина час игра остана со фудбалер помалку откако Христијан Димов доби два жолти картони, а Анаел Барга Нгоба во 45.минута донесе водство за кавадарчани.
Во вториот дел, Нгоба погоди уште еднаш во 60.минута, а Кристијан Ризов го постави конечниот епилог во 88.минута од дуелот.
Standings provided by SofaScore LiveScore
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement