Македонскиот второлигаш Тиквеш со новиот шеф на стручниот штаб Пане Блажевски денеска означи старт на зимските подготовки. Кавадаречкиот тим има и неколку нови имиња со надеж дека ќе успее да ја анулира негативата во однос на лидерот Брегалница или пак преу баражот да стигне до елитата.
Кристијан Костовски и Петар Љамчевски пристигнаа во Кавадарци, остана Симеон Христов, тука е и капитенот Ѓорѓи Мојсов, а го нема искусниот дефанзивец Ванче Шиков кој веќе не е ниту спортски директор.
Тиквеш во текот на подготовките ќе спарингува со неколку прволигашки и второлигашки екипи со цел добро да се подготви за пролетните искушенија во Втората лига Исток.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













