Connect with us

Тиквеш подобар од Работнички на тестот во Кавадарци

Тиквеш го совлада Работнички со 2-0 на денешниот пријателски натпревар во Кавадарци. Головите за Тиквеш ги постигнаа Иван Ивановски од пенал и Александар Мишов во првото полувреме од мечот.

Работнички имаше шанса преку Андреј Кировски кој со удар со глава го погоди дирекот.

Во второто полувреме за Работнички настапија и новото засилување, повратникот Крсте Велкоски и Арменд Алими, кој се враќа на теренот по сериозната повреда на тетивата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови