Брегалница победнички го заокружува есенскиот дел од првенството откако го совлада Тиквеш на гости во Кавадарци со 1-3. Со пресврт во вториот дел, штипјани на крајот славеа важен триумф иако Тиквеш на полувреме замина со предност.
Ристе Каракамишев во 16.минута донесе водство за Тиквеш. Сепак, Брегалница возврати силно во второто полувреме. Јован Манев во 56.минута успеа да израмни, а Милан Џокиќ во 71.минута се погрижи за комплетен пресврт.
Во финишот, Марјан Алтипармаковски го потврди победата во 90.минута со третиот гол за гостите.
Остнаатите натпревари од 18. коло на програмата се утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













