
Бразилецот Витор Алберто Алвеш Рибеиро е новиот напаѓач на освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Тиквеш.
Клубот од Кавадарци официјално го објави потпишувањето на договорот со Витор, кој за првпат ќе игра надвор од Бразил. Досега, тој настапувал за неколку локални бразилски екипи, а минатата сезона ја помина во тимот на Ривер АЦ.
За Тиквеш, ова претставува значително засилување на напаѓачката линија пред претстојните европски натпревари. Покрај Витор Алберто, во текот на денот се очекува клубот да објави уште две нови бразилски засилувања.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
