
Јувентус загуби од Монца со 1-0 во седмото коло од Серија А во неделата. За Монца тоа беше прва победа во лигата, а за Јувентус продолжување на црната серија од пет натпревари без триумф.
Јувентус делува очајно и моментно е осми на табелата во домашното првенство, додека во Лигата на шампионите по две кола има два порази и е со километри одалечен од осминафиналето.
Состојбата во клубот е катастрофална, а на мета на навивачите се најде и капитенот Леонардо Бонучи. Најжестоките поддржувачи на Јувентус му рекоа дека никогаш не бил лидер.
„Сведоци сме на неразбирливи сцени кои продолжуваат, односно смешни сцени кои ги смислиле оние кои се поставиле како лидери, но се однесуваат како жртви. Бонучи никогаш не бил лидер и никогаш нема да биде. Ниту во Интер, ниту во Тревизо. ниту во Пиза, ниту во Бари, ниту во Милан, ниту во Јувентус. Истото важи и за оние кои го поддржуваат“, коментираат најжестоките фанови на Јуве.
Навивачите на Бонучи не го заборавија неговото заминување во Милан во 2018 година.
Поради расправија со тренерот Масимилијано Алегри, тој замина во Милано каде што беше капитен на Милан. Патувањето на „Сан Сиро“ не беше успешно, па една година подоцна се врати во Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
