Тетекс продолжува со активно засилување на тимот во пресрет на новата натпреварувачка сезона, откако денеска објави дека потпиша договори со четири нови фудбалери.
Станува збор за 27-годишниот Енис Дервиши, една година помладиот Рихан Зекири, како и за Марко Стојчевски (24 години) и 21-годишниот Петар Обадиќ.

„Овие фудбалери доаѓаат со искуство, елан и желба, а нивниот ангажман претставува важен чекор во градењето на конкурентен и борбен тим. Цврсто веруваме дека со својата посветеност и квалитет ќе дадат значаен придонес за успехот на Тетекс на теренот и надвор од него. На нашите нови членови им посакуваме искрено добредојде во плаво-белото семејство и успешна сезона полна со здравје, спортска борбеност и победи“, порачуваат од ФК Тетекс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













