
Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад го загуби најдобриот играч Давид Силва до крајот на оваа година. Тој ги скина вкрстените лигаменти на левото колено.
Легендарниот фудбалер на Манчестер Сити и на шпанската репрезентација го напуштил тренингот на Реал Сосиедад поради тешка повреда на вкрстените лигаменти. Лекарите открија дека Силва најверојатно ќе го пропушти првиот дел од претстојната сезона, а на терените би требало да се врати дури во 2024 година.
Давид Силва (37) минатата сезона одигра 38 натпревари и имаше ефект од три гола и седум асистенции во дресот на Реал Сосиедад. Тој е клучна алка во средниот ред на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!
