
Очигледно далеку поинтересна ќе биде битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, ако се суди и по натпреварите од 29. коло во кое победи извојуваа Беласица и Силекс. Шкендија рутински до триумф против Македонија ЃП, а Вардар ја реши Ренова.
Беласица досега имаше само порази во три меѓусебни дуели со Академија Пандев, но ете сега триумфираше со 0-2 во моментите кога им се потребни бодовите за опстанок. Лесно „сините“, со два гола уште во првите 30 минути на Дробаров и Георгиев, стигнаа до победата.
Но, и Силекс не се дава во битката за опстанок. Кратовци стигнаа до повеќе од знајачни три бода со победата од 1-0 против Работнички со голот на Бобан Георгиев во 63. минута.
А, на патот кон Втората лига е Победа која загуби со 0-3 од Шкупи на дуелот кој се одигра во Кочани.
Шкендија убедливо со 4-2 победи против Македонија ЃП веќе цврсто чекорејќи кон новата шампионска титула. Марјан Радески постигна два гола, а по еден Имери и Висар Муслиу.
Вардар, пак, со головите на Најдовски во 45. минута и Реис Жуниор во 50. минута победи со 2-0 против Ренова.
РЕЗУЛТАТИ – 29. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА (2-0)
Најдовски 45′, Реис Жуниор 50′
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-2)
Радески 8′, 31′, Имери 40′, Муслиу 87′ – Тантуровски 59′, Карваљо 90′
Турново: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (0-2)
Дробаров 21′, Георгиев 30′
Кочани: ПОБЕДА – ШКУПИ (0-3)
Серџо Жуниор 50′, Ангелов 73′, 83′
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-0)
Георгиев 63′(п)
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
