Connect with us

Тер Штеген снимен во инвалидска количка по тешката повреда (ВИДЕО)

Барселона и понатаму е перфектна во Ла Лига, откако убедливо го победи Вилјареал со 1-5. Сепак, натпреварот донесе лоши вести за каталонскиот тим и нивниот тренер Ханси Флик.


Првиот голман на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, се повреди при една интервенција на крајот од првото полувреме и беше изнесен на носилки од теренот.

Подоцна, во текот на ноќта, Тер Штеген е снимен како ја напушта болницата во инвалидска количка.

Според првичните информации, станува збор за сериозна повреда на коленото, односно пукање на тетивата на пателата, што значи дека ќе отсуствува осум месеци и дека сезоната за него е завршена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови