Марк-Андре Тер Штеген потпиша нов договор со Барселона. Клубот објави дека голманот се обврзал на верност до 2028 година. Каталонците сакаа договорот да биде потпишан пред затворање на трансфер пазарот. Во новиот договор има клаузула за раскин вредна 500 милиони евра.
Тер Штеген, кој ја започна својата десетта сезона на „Камп Ноу“, се согласи да ја намали платата за да му помогне на клубот. Ова ќе им овозможи на Каталонците да потпишат со резервниот голман Ињаки Пења.
31-годишниот германски чувар досега има 379 настапи за Барселона. Тој беше одличен минатата сезона во која Каталонците ја освоија титулата и Копа дел Реј. Од неговото време во клубот, тој има освоено една титула во Лигата на шампионите, пет триумфи во Ла Лига и пет победи во Копа дел Реј.
Тер Штеген моментно е втор капитен на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













