Connect with us

Тепачка во Торино, црвени картони за Квадрадо и за Хандановиќ (ВИДЕО)

Жестока тепачка меѓу фудбалерите на Јувентус и на Интер се случи непосредно по завршувањето на натпреварот од Купот на Италија (1-1).

Ромелу Лукаку израмни со гол од пенал во 95.минута, откако Бремер играше со рака во шеснаесетникот и го анулира голот на Хуан Квадрадо за Јувентус постигнат во 83.минута. 

Лукаку доби црвен картон откако прослави бурно по голот, а тоа донесе и уште поголема нервоза по завршувањето на мечот.

Се случи жестока тепачка во која учествуваа повеќе фудбалери, а црвени картони добија Самир Хандановиќ од Интер и Хуан Квадрадо од Јувентус. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови